Утрински Весник
Спорт

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

O 1919637 1024.jpg

Благодарение на пласманот на Рома и Аталанта во полуфиналето на Лига Европа, и Фиорентина во полуфиналето на Конференциската лига, Италија и официјално обезбеди пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.

Потенцијално тоа би можеле да го направат уште клубови од Англија или Германија, со тоа што Италија би можела да стигне до шестото место во елитното натпреварување, во кое од септември наместо досегашните 32 учесници, ќе има уште четворица.

Тоа сценарио би се случило доколку Аталанта или Рома, кои че се сретнат во полуфиналето на второто повисоко европско натпреварување против Олимпико, односно Леверкузен, успеат да ја освојат Лигата на Европа, а во исто време да завршат под петтата позиција во Серија А.

Во моментов Рома и Аталанта ги заземаат петтата и шестата позиција на табелата во италијанскиот шампионат.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара