Утрински Весник
Свет

Италија ќе има кибер армија, најави италијанското МО

Italija zname.jpg

Италија наскоро ќе има своја кибер армија, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, цитиран од италијанските медиуми.

платено политичко рекламирање

-Италија ќе има кибер армија за да го брани својот суверенитет во дигиталната сфера на исто ниво со копното, морето, воздухот и вселената, рече Кросето во видео обраќање емитувано на технолошки настан.


„Мора да се создаде почетна структура што може да смета на 1.200-1.500 лица, од кои повеќето ќе бидат оперативни, но целта е да се создадат поголеми, целосно автономни сили способни ефикасно да се спротивстават на целиот спектар на закани“, рече тој.

-Кибер димензијата сега е оперативна област на безбедност, заедно со копното, морето, воздухот и вселената“, нагласи италијанскиот министер за одбрана.

„Неговата заштита бара деликатни, трајни и интегрирани способности“, рече Кросето.

-Тука се оформува идејата за национални кибер сили со цивилна и воена компонента, способни да работат 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината, истакна тој.

Можете да прочитате

Зеленски е подготвен за избори

Сијарто во Москва: Унгарија и Русија мора заеднички да се спротивстават на надворешниот притисок

Се урна руски воен транспортен авион