Утрински Весник
Магазин

Истражување: Врската меѓу парите и среќата е комплицирана

Истражување: Врската меѓу парите и среќата е комплицирана

Парите навлегуваат во секој аспект од нашиот живот, влијаат на тоа каде ќе живееме,  каде одиме на училиште, што правиме, што јадеме, меѓу другото. Имањето пари ослободува од справување со прашања како што се несигурност во домувањето или неможност да си дозволиме медицинска нега.

dobivaj vesti na viber

Истражување за врската помеѓу парите и среќата открива дека нивната поврзаност е всушност доста комплицирана. Се чини дека дури и експертите не можат да се согласат за ефектот на парите врз чувството за благосостојба и среќа кај луѓето.

Според едно истражување, парите честопати водат до поголемо ниво на среќа – но не секогаш. Професорот за бизнис-администрација од Харвард, Јон Јахимовиц, објаснува дека главната предност на заработување повеќе пари е тоа што ќе ви даде повеќе можности кога се соочувате со проблеми во вашиот живот – на пример, како да плаќате кирија ако го изгубите работното место.

„Парите не се само начин на кој луѓето можат да си купат среќни моменти, тие се клучна алатка за безбедност, сигурност и стабилност“, објаснува Јахимовиц. „Парите можат да помогнат да се ублажи ударот на лошите времиња, недостигот на пари може да ги направи дури и бенигните работи многу помачни и поболни.“

Не се работи за поголемa куќа или поубав одмор. Финансиската стабилност им помага на луѓето да избегаат од секојдневните проблеми во животот.

Што е прво: пари или среќа? Според професорката по психологија на „Јеил“, Лори Сантос, добивањето работа што ќе ви донесе многу повеќе пари не мора да значи дека ќе бидете многу посреќни. Додека истражувањето покажува дека заработувањето повеќе пари влијае на вашата среќа, тој ефект е многу помал кај големите приходи.

„Всушност, истражувањата покажаа дека среќата доаѓа пред да заработите повеќе пари, а не обратно. Ако имате попозитивен поглед на вашата иднина, поголема е веројатноста да бидете помотивирани на работа и да заработите повеќе пари“, објаснува Сантос.

Иако се чини дека парите се поврзани со среќата на некој начин, тоа не е единствениот фактор што влијае на нашата благосостојба. Ако сакате да го подобрите вашето расположение и да имате попозитивен поглед на животот, можеби е подобар потег да практикувате работи како што се доволно спиење, вежбање или поминување време со луѓето што ги сакате. Потоа, како резултат на тоа, може дури и да заработите малку повеќе пари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста