Утрински Весник
Магазин

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје

D0bdd0b0d183d0bad0b0d182d0b0 D0bed182d0bad180d0b8d0b2d0b0 D0bcd0bed0b6d0bdd0b0 D0b2d180d181d0bad0b0 D0bcd0b5d193d183 D0b2d0bed181d0bf 63dac20e40426.jpeg

Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја попречуваат нивната способност да најдат работа, посочува испитување објавено од „Фондацијата Резолушн“.

Истражувањето насочено кон Британците на возраст меѓу 18 и 24 години, потврдува дека кај оние кои страдаат од психичка болест има поголема веројатност да бидат невработени или да преземат ниско платени работни места, отколку оние без психички проблеми. Написот, инаку, ги обвинува социјалните мрежи за многу проблеми – кај младите лица особено. Во таа смисла, особено се истакнува оти прекумерната употреба на слободниот виртуелен простор игра клучна улога во поттикнувањето на анксиозноста и депресијата и овозможувањето тормозење на интернет.

„Младите луѓе денес го имаат непожелниот предуслов да имаат најлошо ментално здравје од која било возрасна група… Британија треба да финансира поголема поддршка за менталното здравје за да се избегне ‘изгубена генерација’ поради лошо здравје“, соопшти Фондацијата.

Меѓу 2021. и 2022 година, кога Велика Британија излезе од блокадите на Ковид-пандемијата, според испитувањата – 34 отсто од младите Британци пријавиле симптоми на психичко нарушување, како анксиозност, биполарно растројство или депресија. Тоа е повисоко ниво отколку во 2000 година кога пропорцијата изнесуваше 24 насто.

Покрај тоа, 41 отсто од младите девојки се склони кон нарушувања на психгичкото здравје, како и 26 отсто од младите мажи.

„Кај младите луѓе со проблеми со психичкото здравје има поголема веројатност да се борат со светот на возрасните отколку нивните поздрави врсници. Слабото ментално здравје може да го уништи искуството на младите во образованието, на пр. – да го попречи нивното брзо наоѓање работа или да ја ограничи нивната способност да се пробијат на пазарот на трудот“, се додава во извештајот.

Ова, според стручњаците, е критично важно за сегашноста, но се истакнува оти може да има и долгорочни последици во иднината.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста