Утрински Весник
Магазин

Истражување: Пцуењето може да ги подобри физичките способности

Image 2025 12 20 183444664.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иако не секогаш се смета за прифатливо, пцуењето може да има неочекувани придобивки. Ново научно истражување покажа дека користењето пцовки може да ја зголеми физичката издржливост, ставајќи го мозокот во состојба на поголема сконцентрираност, позната како „состојба на проток“.

-Според  Ричард Стивенс, психолог од Универзитетот Кил, луѓето често свесно или несвесно, не го користат својот целосен потенцијал. Пцуењето е едноставен начин да се почувствува засилена ментална присутност, да се зголеми самодовербата, а со тоа да се намали расеаноста, што бара поголем напор, вели, Стивенс.

Претходни истражувања веќе покажаа дека пцуењето може да ја зголеми силата и толеранцијата на болка, особено во екстремни физички услови, како интензивно возење велосипед или изложување на студ. 

Научниците првично претпоставуваа дека пцуењето предизвикува реакција „бори се или бегај“, но без јасни телесни докази за тоа. Наместо тоа, најновите резултати покажуваат дека пцуењето предизвикува дезинхибиција, ослободување од психолошки и општествени ограничувања.

Во  два експеримента, во кои учествувале 192 лица,испитаниците изговарале пцовки или по некој некултурен збор додека правеле склекови, што покажало дека оние кои пцуеле во текот на вежбата, направиле поголем број склекови од оние кои не користеле пцопвки.  Истражувачите утврдиле дека пцуењето ја зголемува самодовербата, ја подобрува концентрацијата и го одвлекува вниманието од заморот.

Земајќи го предвид сето ова, групата научници истражиле дали ваквиот ефект може да се примени и во други ситуации, како јавно говорење или социјална комуникација. Но ваквото однесување не секогаш поминува без ризик, предупредуваат тие

Можете да прочитате

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk

Женственоста веќе не се мери со должината на косата