Утрински Весник
Магазин

Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот

Screenshot 2025 10 20 080452.jpg

Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.

Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.

Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.

Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.

Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња