Утрински Весник
Македонија

Истражителот не чека јавен повик; да се пуштат бомбите за ДУИ што Заев ги крие – реакции откако Ахмети повика да се отвори истрага за него

На Косово да не му се случи Босна – Ахмети со апел до меѓународната заедница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ахмети бара да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од него, а Џевдет Хајредини коментира дека не треба јавен повик до истражителот.

dobivaj vesti na viber

Изјавата на Ахмети во која им порача на органите слободно да вршат истраги за да се открие вистината, наиде на критики во јавноста.

„Кутриот не знае дека истражителот, за да отвори истрага, не чека јавен повик и согласност од некого (во овој случај од него), туку писмено ги кани за да ги сослуша“, напиша ексминистерот за финансии и аналитичар, Џевдет Хајредини.

Со коментар излезе и професорката, Мирјана Најчевска. Вели, може да се пуштат бомбите за ДУИ кои Заев ги крие.

„Прво, веќе има отворено истраги кои се држат во фиока. Второ, може ако се тргнат сите криминалци кои наместо судии и јавни обвинители ги намести ДУИ. Трето, може ако се пуштат бомбите за ДУИ кои Заев ги прикри“, рече Најчевска.

Ахмети, меѓудругото, истакна и дека струшкиот градоначалник треба да биде под истрага и дека тој самиот не се противи на такво нешто.

Господинот Мерко, рече Ахмети во телевизиска изјава, не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен