Утрински Весник
Свет

Истражен одбор: Нетанјаху е виновен за смртта на 45 аџии во 2021 година

2021 04 30t060757z 53480937 Rc266n95uckj Rtrmadp 3 Israel Religion Crush 1.webp.webp

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху сноси „лична одговорност“ за трагичните настани на планината Мерон во април 2021 година, кога 45 еврејски аџии загинаа во стампедо, се вели во извештајот на истражниот комитет.

„Заклучивме дека премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси лична одговорност“ за оваа трагедија, пишува Комитетот, „бидејќи катастрофата можеше да се избегне“.

Израелскиот премиер „знаел или требало да знае дека локацијата била слабо одржувана со текот на годините“ и може да претставува „ризик за бројни учесници“ на верскиот фестивал што се одржува таму секоја година за да го одбележи еврејскиот празник Лаг Б’Омер, се вели во извештајот. Нетанјаху и неговите служби сносат одговорност бидејќи требале да ги идентификуваат проблемите што можат да претставуваат „ризик за човечки животи“, а тој „не постапи како што се очекуваше од премиер, за да ја поправи ситуацијата“.

Извештајот зборува за „недостатокот на владеење“ и „културата на избегнување одговорност“ на израелскиот премиер.

Верскиот фестивал на планината Мерон, во северен Израел, секоја година привлекува десетици илјади еврејски верници на гробот што му се припишува на рабинот Симон Бар Јохаи, талмудист од вториот век.

Огромна толпа во делот наменет за мажи на 30 април 2021 година предизвика стампедо во кое загинаа 45 аџии, меѓу кои најмалку 16 деца. За недостатоците на таа локација двапати предупредуваше државниот инспектор задолжен за надзор на работата на јавните институции, во 2008 и 2011 година.

Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид смета дека Нетанјаху требало да поднесе оставка ден по трагедијата. „Додека Нетанјаху е сè уште премиер, следната катастрофа е само прашање на време“, напиша тој на платформата X. Истражната комисија беше основана од Нафтали Бенет, премиер од јуни 2021 година, откако Нетанјаху одби да го стори тоа.

Можете да прочитате

Британска полиција: Две деца убиени, шест во критична состојба во напад со нож во Саутпорт

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени