Утрински Весник
Македонија

Истрагата за убиството во Старо Нагоричане во тек, осомничениот ќе биде подложен на психијатриска процена

20260225121733 big 730x400 99.webp.webp

Во моментот тече истрагата за осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) за МИА. Од таму велат дека Основно јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции преземаат дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани и посочуваат дека вештиот наод од обдукцијата не е доставен до Обвинителството. Набргу, како што посочуваат, ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти.

– Основното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали – соопштија од ЈОРСМ.


Кумановската полиција информира дека на 12 февруари осомничениот влегол во домот на 78-годишната жена во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и со перница ја задушил. Полициските службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Т. Б. (25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 12 февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М. С. (78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти тогаш полицијата.

Жителите на руралната општина Старо Нагоричане живеат во страв и неизвесност откога полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино. Поради страв, некои од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општина Старо Нагоричане. Оние што останале се загрижени за својата безбедност. Повеќето го познаваат осомничениот за кого кажуваат дека со велосипед се движел низ селата и го чувал добитокот.

– За надминување на стравот во овие мали средини кај жителите, треба да организираме групна поддршка од стручни лица, исто така многу е важна и достапноста на институциите, во вакви мали средини имаме и стигма за барање психолошка помош, затоа нашите институции треба да се во континуитет со поддршка и давање информации за да се намали паниката меѓу населението – изјави д-р Ана Мадиќ-Костовски, психијатар од кумановската Општа болница.

Таа посочува дека групната поддршка може да помогне во справуавњето со стравот и вели додека не пројдат вештачењата, не може да се даде каква било дијагноза на лицето.

– Без претходни психолошки тестирања и вештачење од стручни лица, не можеме да даваме конкретна дијагноза за лицето, но кога таргетот се повозрасни, физички послаби жени, често за овие лица мислиме дека имале антисоцијално однесување или сакале да вршат контрола, имале сексуални фрустрации, потоа може и нарцисоидни елементи, жителите тврделе дека тој бил мирен и повлечен, но тоа не е невообичаено – изјави докторката.

Психијатрите препорачуваат, жртвите и нивните семејства да се јават на лекар ако почуствуваат симптоми на пострауматски стрес, кои се манифестираат со несоници, главоболки, срцебиење. Од Центарот за социјални работи Куманово, пак, велат дека тој не бил корисник на ниедно право.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ нема страв од никакви постапки, секој што го прекршил законот треба да одговара

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Филипче: Урнат е правниот систем, за Груби фалеше уште црвен килим