Утрински Весник
Македонија

Истрага за багеристот кој усмрти жена во Скопје: ја прегазил на пешачки, не се придржувал до прописите

Истрага за багеристот кој усмрти жена во Скопје: ја прегазил на пешачки, не се придржувал до прописите
Dik 300x250 mk

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 42-годишник од Скопје, на 1 јули, на улицата “Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „Лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин со машината удрил во телото на една жена-пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, велат од Обвинителството.

Непосредно по настанот, јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. По еден дел од наредбите се уште се постапува.

За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, објавија од Обвинителството.

Можете да прочитате

Дождливото време ќе потрае – 24info.mk

Родител пријавил врсничко насилство: Неговиот малолетен син бил натепан од група малолетници на автобуска постојка

Родител пријавил дека неговата ќерка била сексуално вознемирувана додека била на училиште