Утрински Весник
Македонија

Истрага против 52-годишен дилер на дрога и психотропни супстанции

Ojo.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за две одвоени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 27 септември, под возачкото седиште во автомобил, осомничениот 52-годишник држел пет ќесички марихуана со вкупна маса од 18,83 грама.
Потоа, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници извршиле претрес во уште два автомобила и во гаража на осомничениот, каде пронашле околу 125 грама марихуана во повеќе пакувања, семки од канабис, 3 ќесички кокаин, 1 ќесичка хероин и вкупно 18 таблети психотропна супстанција МДМА наменети за неовластена продажба. Наркотичните супстанции, заедно со две дигитални ваги со траги од дрога, се запленети.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, а во исто време очигледно е дека осомничениот го повторува делото. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна