Утрински Весник
Спорт

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Турција

Elena Petrova Itt 2024 Photo 01 1.jpg

Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам и хронометар трки, Елена Петрова (31), зазема учество на овогодинешното издание на Балканското првенство во друмски велосипедизам 2024 (Balkan Road Cycling Championship WE – ITT 2024), кое минатата недела се одржа во турскиот град Едрене.

Во силна конкуренција на учеснички од целиот регион, нашата претставничка успеа да ја заврши 25.3km долгата патека на одличното 3-то место, со задочнување од само 42 секунди зад првопласираната.

„Пресреќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот во Едрене. Трката беше мошне напорна, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 3 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и вистински мотив за трките кои следат.“ – додаде Елена Петрова веднаш по прогласувањето на победниците.

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0