Утрински Весник
Свет

Историски момент: НАСА успешно се судри со вселенското летало Дарт со астероидот Диморфос

Историски момент: НАСА успешно се судри со вселенското летало Дарт со астероидот Диморфос

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“ на Земјата.

dobivaj vesti na viber

Необичниот настан се случил на околу 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос, пренесува Би-би-си.

Тоа е прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело, а целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.

Леталото беше околу 100 пати помало од Диморфос, па затоа не го уништи астероидот. Наместо тоа, Дарт се надева дека судирот ја променил брзината и траекторијата на астероидот во вселената. Научниците очекуваат притискањето малку да го придвижи Диморфос и да го направи гравитациски врзан за Дидимос, поголемиот астероид во системот.

„ Влегуваме во нова ера на човештвото, ера во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасен удар на астероид. Каква неверојатна работа. Никогаш не сме имале таква способност“, рече Лори Глејз, директор на одделот за планетарна наука на НАСА, веднаш откако потврди дека вселенското летало Дарт успешно го удрило Диморфос во првата „мисија за планетарна одбрана“.

Копнените опсерватории ширум светот, вклучително и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, ќе го набљудуваат астероидниот систем во наредниот период за да потврдат дали Дарт успешно го променил движењето на астероидот.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија