Утрински Весник
Свет

Историски ден за Англиканската црква: Сара Малали интронизирана за надбискуп на Кантербери

Image 2026 03 26 100510796.png

Сара Малали, првата жена именувана за надбискуп на Кантербери и духовен водач на Англиканската црква, беше интронизирана на свечена церемонија во катедралата во овој град во југоисточна Англија.

Шеесет и тригодишната поранешна медицинска сестра, која е мажена и мајка на две деца, положи заклетва пред околу 2.000 луѓе, меѓу кои беа и британскиот премиер Кир Стармер, принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кетрин.


Малали станува највисоко позиционираниот религиозен лидер на Црквата на Англија, наследувајќи го Џастин Велби, кој поднесе оставка во ноември 2024 година по критиките за неговото справување со скандал поврзан со физичко и сексуално насилство.

Сара Малали е 106-ти надбискуп на Кентербери и прва жена на оваа функција. Таа ќе биде духовен водач на 85 милиони англиканци во 165 земји.

Седејќи на камениот трон од 13-тиот век на свети Августин, таа ја одржа својата прва проповед пред претставници на Англиканската црква и други вероисповеди, како и пред службеници на британската Национална здравствена служба.

Малали пристигна во Кантербери во неделата, по шестдневен аџилак пеш од Лондон. Ракоположена за свештеник во 2002 година, таа во 2018 година стана првата жена епископ на Лондон. 

Можете да прочитате

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението

Турски танкер нападнат со дронови во близина на Босфорот

Разбиена мрежа на „лажни банкарски советници“ во Париз