Утрински Весник
Свет

Историска заплена на метамфетамин во Австралија, во вредност од 1,1 милијарда долари

Историска заплена на метамфетамин во Австралија, во вредност од 1,1 милијарда долари

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, позната и како кристалeн мет, вредна околу 1,1 милијарда американски долари.

dobivaj vesti na viber

Дрогата била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, најголемата заплена на наркотици во земјата.

Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела биле запленети околу 750 килограми кристален мет или „мраз“ како што ја нарекуваат и оваа дрога, соопшти британската полиција.

„ Способноста што ја покажа оваа криминална организација, во однос на обемот и големината, е огромна. Овие бројки се запрепастувачки“, рече полицаецот од Нов Јужен Велс Џон Вотсон за време на прес-конференција.

Тој изјави дека сите пратки потекнуваат од регионот на Блискиот Исток со идентични детали за двете заплени на дрога.

Исто така, беше објавено дека не е покренато обвинение во врска со последната заплена, но дека полицијата уапсила тројца мажи за дрогата што била пронајдена минатата недела.

Во одделен инцидент, полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила четири лица откако пронашла кристален мет и кокаин во вредност од околу 155 милиони австралиски долари скриени зад фаровите на стар автомобил Бентли испорачан од Канада.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен