Утрински Весник
Македонија

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети

Ucenik.webp.webp

Историја, географија, биологија, физика и хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта. Оваа одлука Министерството за образование и наука ја донесе согласно измените направени на Концепцијата за основно образование, според сугестиите на наставниците и стручната јавност.

-Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во третиот воспитно – образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст – велат од МОН.

Министерството најави дека во периодот што следува ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, но и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа.

Можете да прочитате

УЖАС: 23-годишен скопјанец обвинет за полови дејствија врз петгодишно дете

Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу

Утврдена дискриминација врз 12.000 пензионери кои не го добија второто покачување од 2.500 денари, ускратувањето им го направиле недела дена пред да се донесат законските измени