Утрински Весник
Македонија

Истекува рокот за замена на регистарските таблички – казните се големи

Registarski Tablici Nmk.png

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024.

– Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака НМК или на истите да се стави налепница со национална ознака НМК до 31.12.2024 год – соопштија денска од МВР.


Налепници НМК граѓаните може да обезбедат во сите станици за технички преглед.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника за да ја зачува фотелјата во СДС ја турка партијата кон бездна

Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран