Утрински Весник
Свет

Истанбул ќе го погоди силен земјотрес со можност и до јачина од седум степени, предупредуваат сеизмолозите

Истанбул ќе го погоди силен земјотрес со можност и до јачина од седум степени, предупредуваат сеизмолозите

Во екот на санирање на последиците од серијата земјотреси кои минатата недела ја погодија Турција, оваа земја доби уште една застрашувачка вест. Сеизмолозите прогнозираат дека во наредниот период се очекува силен земјотрес во Истанбул, кој може да се случи во секое време и да ги мобилизира сите расположливи ресурси за спасување животи и запознавање со економските последици.

dobivaj vesti na viber

Сеизмолози кои зборуваа за Ал Џезира рекоа дека силен земјотрес најверојатно ќе го погоди најголемиот град во Турција.

Големата катастрофа го покрена прашањето за подготвеноста за земјотреси во Истанбул, главниот град на Турција. Научниците велат дека мегалополисот е под непосредна закана од силен земјотрес – можеби повеќекратен.

Шукру Ерсој, професор по геологија на турскиот технички универзитет Јилдиз, рече дека историските записи за минатите земјотреси сугерираат дека еден на раседот под Мраморното Море е блиску.

„Знаеме колку годишно се движи раседот во Северна Анадолија преку истражување. Движењето на раседната линија ќе предизвика тензија на линијата што ќе предизвика земјотрес“, изјави тој за Ал Џезира, но додаде дека е невозможно да се знае точно кога тоа ќе се случи.

Хусеин Алан, претседател на Комората на геолошки инженери, се согласи: „Според податоците што ги имаме, во Истанбул се очекува земјотрес со јачина од 7 степени или поголем“.

Што може да се направи?

Според официјалните податоци, Истанбул произведе 30,4 отсто од бруто домашниот производ на Турција во 2021 година, што го прави срцето на економската активност на земјата.

Дом е и на највиталните производствени капацитети во земјата кои можат длабоко да му наштетат на турскиот индустриски сектор. Ерсој рече дека сериозната сеизмичка активност што го погодува Истанбул и остатокот од земјата треба да биде на врвот на агендата за властите.

„Подготвеноста за земјотреси треба да биде голем проект во Истанбул и Турција. Треба да почнеме сега, да почнеме брзо и да ги мобилизираме сите ресурси за да се подготвиме за земјотрес во Истанбул“, рече тој.

Претходно, повеќе од 40.000 луѓе загинаа, а 80.000 беа повредени во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени – со епицентар во градот Караманмараш – што се случија за неколку часа еден од друг на 6 февруари.

Двојни земјотреси погодија 10 провинции во Турција и загинаа илјадници други во Сирија, а бројот на жртви се уште расте во двете земји. Многу жртви се уште се заробени под урнати згради низ регионот.

 

Можете да прочитате

ЕУ дипломатија нападната – делегацијата во Киев сериозно оштетена по ракетен напад

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)