Утрински Весник
Економија

Исплатени субвенциите за овчарство за 2.139 сточари

Denari Pari.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека е реализирана рекордна исплата на финансиска поддршка наменета за македонското овчарство. Станува збор за сума од над 1 милијарда денари, која е веќе префрлена на сметките на одгледувачите низ државата.

Конкретно, исплатени се 1.021.527.000 денари кон вкупно 2.139 сточари. Оваа поддршка се однесува на мерката за директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, предвидена во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.


Од Министерството порачаа дека со оваа исплата се потврдува нивната посветеност кон развојот на оваа стратешка сточарска гранка и поддршката на домашното производство.

Можете да прочитате

Меѓу ветувањето и разочарувањето – силен мандат, слабо владеење

Повторно раст на цените на нафтата

WIZZ AIR најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје