Утрински Весник
Економија

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Zemjodelstvo 1.webp.webp

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци.

Исплатите се однесуваат на:


∙         Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино” – 59.942.278 денари за 39 корисници;

∙         Мерка 213 „Плата за овчари” – 34.089.868 денари за 43 корисници;

∙         Мерка 112 „Млади земјоделци” – 17.815.422 денари за 48 корисници;

∙         Мерка 121.7 „Комбајни за ориз” – 28.779.597 денари за 48 корисници;

∙         Програма за рурален развој (набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош) – 96.661.300 денари за 34 корисници.

Од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство велат дека ќе продолжат да даваат поддршка на македонските земјоделци.

Можете да прочитате

Битиќи: Македонија се движи кон автократски модел на владеење, се задушува слободата на говор

Цената на нафтата ќе порасне, но не така драматично како онаа на гасот, смета Андреевски

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите