Утрински Весник
Македонија

Исмаил: Мицкоски има приватен интерес во енергетиката, затоа не дозволлува министри да одговараат на прашања

Rexepismail.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

На денешните опозициски пратенички прашања, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, пратеникот и потпретседател на #Левица, м-р Реџеп Исмаил – Хактан, прашањето го упати кон заменик министерот Мирослав Лабудовиќ, но Мицкоски му го одзеде правото и обврската за одговор и наместо Лабудовиќ – тој се јави на говорницата.


„Сега, јас поставувам прашање до заменик министерот за енергетика, се јавува премиерот којшто има личен интерес за профит во својот џеб, којшто сите пари, сето свое богатство на милиони го има направено токму во енергетскиот сектор, се јавува тој да го одговори прашањето кое што го поставувам, зошто и кој ја носи одговорноста за високата цена на електричната енергија и за хаосот во енергетскиот систем! 

Како заменик министерот, Лабудовиќ, тука дозволува да биде понижен на ваков начин, да не му дадат да одговори на поставено прашање. А тука е доведен да ја замени министерката која што не се појавува на пратенички прашања, упорно и го праќа заменикот, а пак претседателот на Владата не му дава да се изјасни.

А Вие, господине министре, да сум на ваше место, уште утре ќе си дадам оставка од оваа Влада затоа што Ве третираат како безгласна буква!” – му порача пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан во својата контрареплика.

Можете да прочитате

Стојанче Јовановски сопругот насилник – имал две пресуди за насилство и три постапки за развод 

Во март ќе има линеарно зголемување на пензиите

Избрани нови заменици министри – Адмир Шабани во Одбрана, Дритон Сулејмани во МОН