Утрински Весник
Спорт

Исландски судии за натпреварот Шкендија – Слован

20251209170254 big 730x400 91.webp.webp

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го назначи Исланѓанецот Ивар Ори Кристјансон за главен судија на натпреварот меѓу Шкендија и Слован Братислава во рамки на петтото коло во групната фаза во Лигата на конференции.

36-годишниот Кристјансон е судија со знакот на ФИФА и УЕФА од 2018 година, кога дебитираше на европската клупска сцена на дуелот меѓу Фола Еш и Приштина во првото квалификациско коло во Лига Европа. Негови помошници ќе бидат сонародниците Биркир Сигурдарсон, Гулфи Мар Сигурдсон и Вилхјалмур Тораринсон.

Натпреварот меѓу Шкендија и Слован е закажан за в четврток со почеток во 18:45 часот на Националната арена „Тодор Проески‘ во Скопје.

Пред завршните две кола во Лигата на конференции, Шкендија е пласирана на 25. место со четири бодови, еден повеќе од Слован на 29. место.

Директен пласман во осминафиналето ќе обезбедат првите осум пласирани екипи, додека тимовите од 9. до 24. место ќе играат плејоф за пласман во нокаут фазата во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија