Утрински Весник
Спорт

Исланѓанецот Сигурдсон нов тренер на хрватските ракометари

1709154469 H.jpg

Хрватските ракометари добија нов тренер.

Тоа е Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој официјално ќе биде претставен во четврток.

Тој на таа позиција ќе го наследи Горан Перковац, кој доби отказ по лошиот резултат на Хрварска на последното Европско првенство во Германија.

Исланѓанецот ќе ја преземе селекторската функција во Хрватска откако го раскина договорот со Јапонија со која обезбеди Светско првенство во 2025 година, како и пласман на Олимписките игри во Париз.

Сигурдсон ја водеше и германската репрезентација од 2014 до 2017 година, по што замина во Јапонија.

Во 2016 година со Германците освои европско злато и бронза на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ