Утрински Весник
Македонија

Иселеник од Велебрдо донираше возило за итна помош во Здравствениот дом во Ростуше

Itna.png

Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше доби нова донација од иселеник од овој крај, што е уште една потврда за поврзаноста и љубовта кон родниот крај.

– Добивме ново, целосно опремено возило за итна помош. Тоа е донација на иселеник од село Велебрдо, кој живее и работи во Швајцарија, но сакаше да остане анонимен. Од мое име, од вработените и од жителите од поширокиот регион голема благодарност и за него и за сите кои до сега ја помогнале нашата здравствена установа, изјави Омер Дурмиши, директор.

Додаде дека неодамна, нова, последователна помош установата доби од хуманитарното друштво „Letzcare“, што го предводи иселеникот Сафет Алили по потекло од село Присојница,  кој со семејството живее во Луксембург. 

Донацијата се состоеше во ехо апарат, инвалидски колички, ролатори, помагала за движење и туширање, специјални униформи за персоналот на службата за итна помош, како и широка лепеза на медицински материјал. 

Додава дека тоа следувало по направената детална анализа за тоа што и е најнеопходно на установата, во која услуга добиваат и жители на соседните општини.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија