Исчезнат е Мелхи Азизоски од селото Пласница.
Исчезнувањето го пријавил неговиот брат Јашар Азизоски.
Градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски ги повика граѓаните да помогнат во потрагата по исчезнатото момче.
„Од страна на лицето Јашар Азизоски е пријавено исчезнувањето на неговиот брат Мелхим Азизоски од село Пласница. Поради тоа Ве повикувам сите да се здружиме и да ги пребараме сите напуштени куќи и места на територија на општина Пласница.
Ако имате било какви сознанија обратете се на најблиските“ напиша Јаоски.
Мелхим (39) е исчезнат веќе два дена. Како што информираат од семејството, Мелхим домот го напуштил околу 7 часот наутро на 24.04.2023 кога тргнал за на работа, облечен во работничка униформа, висок околу 1.65 цм. Од тој миг му се губи секаква трага.