Утрински Весник
Свет

Исчезна лидерот кој сакаше да направи воен удар во Русија: на Пригожин му се изгуби секоја трага

Шефот на „Вагнер“: Го прекинуваме нападот на Бахмут

Откако доцна синоќа беше виден како го напушта окружниот воен штаб во Ростов, стотици километри јужно од Москва, денеска не се знае каде се наоѓа Евгениј Пригожин, јавуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Тешко вооружените руски платеници „Вагнер“ се повлекоа во текот на ноќта од јужниот руски град Ростов, откако го запреа нивното напредување кон Москва, според договорот што стави крај на кризата што претставуваше невиден предизвик за авторитетот на претседателот Владимир Путин.

Според договорот, со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко, борците на групата Вагнер би се вратиле во своите бази во замена за безбедносни гаранции, а нивниот лидер Евгениј Пригожин би се преселил во Белорусија. Но, засега никој не може да потврди дека тој е таму бидејќи му се изгуби секоја трага.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот