Утрински Весник
Македонија

Исаку и Османи – кандидати за член на Судскиот совет што го избира Собранието

20260305113340 big 730x400 39.webp.webp

Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди двајца кандидати кои ќе продолжат во процедурата за избор на член на Судски совет на Република Македонија што го избира Собрание на Република Македонија.

Членовите на Комисијата со која претседаваше пратеничката Дафина Стојаноска, заменик претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го прифатија предлогот на пратеникот Беким Ќоку, кандидатите Арбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово и Сејфула Османи, доктор по правни науки со положен правосуден испит од Градец, Општина Врапчиште, да бидат комисиски предлог до Собранието, кое на пленарна седница ќе одлучува за еден член на Судскиот совет што го избира Собранието.


Во пресрет на седницата, Стојаноска потсети дека на 26 јануари се одржала јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите за член на Судскиот совет што го избира Собранието.

– Покрај претседателот и членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на јавната расправа присуствуваа и поставуваа прашања до кандидатите и претставниците од здружението на судиите, адвокатската комора, граѓански организации кои работаат во областа на правосудството, владеењето на правото и чпвековите права, претставници од медиумите и академската заедница. Со секој од кандидатите се водеше структуирана расправа и се водеше сметка за еднаков и фер однос кон сите кандидати – истакна Стојаноска.

Арбер Исаку во својата кариера работел во приватниот сектор, но и во државни институции, во Владата, Собранието и во Министерство за животна средина и просторно планирање на Македонија, каде ја извршувал функцијата шеф на кабинет.

Професорот Сејфула Османи, пак, во својата кариера работел како судија во Основен суд Гостивар, а бил и адвокат и универзитетски професор.

Можете да прочитате

ИЈЗ отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Мојсоска: Жените во земји во војна се побезбедни отколку во овој македонски систем што не постапува

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали