Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ИРЛ: Трагедијата во Кочани низ документи и снимки што досега не беа објавени

Img 7963.jpeg
Img 7972

Преку ексклузивни, досега необјавени снимки и документи од истрагата, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја отвора мрачната приказна за трагичната ноќ во Кочани, кога беа изгубени млади животи, а други засекогаш променети.

„Ова не е само приказна за болка и загуба – таа разоткрива како институциите, инспекторите, обвинителите и политичарите, кои требаше да нè заштитат, потфрлија во својата должност,“ велат од ИРЛ.


Свесни за критиките дека со ваквите објави се мешаат во избори, новинарите од ИРЛ возвраќаат: „Да, тоа ни е работа. Ова не е политика. Ова е новинарство. А новинарството никогаш не смее да чека подобро време.“

Од ИРЛ нагласуваат дека токму објавувањето на вакви истражувања за време на кампања е начин реалните проблеми на граѓаните да станат дел од јавната дебата. „Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината пред да го дадат својот глас. Кампања без храбро новинарство не е вистинска можност за избор, туку само спектакл на празни ветувања и лажен имиџ,“ стои во описот на видеото објавено на YouTube.

Сторијата на ИРЛ можете да ја погледнете во продолжение:

Можете да прочитате

Млада скопјанка нападнала вработена во Итната Помош

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети не е орел, туку врапче