Утрински Весник
Спорт

Јирген Клоп во неволја: Ливерпул нема загубено како во Неапол речиси 60 години

Јирген Клоп во неволја: Ливерпул нема загубено како во Неапол речиси 60 години

Ливерпул доживеа дебакл во Неапол, загуби со 4:1 од Наполи на стартот на новото издание во Лигата на шампионите , а тоа е нивниот најголем европски пораз од далечната 1966 година. Проблемите за Јирген Клоп се зголемуваат, а тоа дефинитивно беше ноќ за заборав за дефанзивците Џо Гомез и Вирџил ван Дајк.

dobivaj vesti na viber

Избраниците на Јирген Клоп беа разнесени од Наполи веќе во првото полувреме. Италијанците погодија трипати во воведните 45 минути преку Зиелински, Ангуиса и Џовани Симеоне, а најдоа време и за нереализиран пенал што самиот го изнуди, но и не го претвори во гол, Виктор Осимен.

„Црвените“ беа шокирани, а работите не се подобрија ниту по полувремето. Само две минути по враќањето на теренот Зиелински зголеми на 4:0, а почесниот гол за Ливерпул беше дело на Луис Дијаз.

Овој пораз става дополнителен товар на плеќите на Јирген Клоп, со оглед дека Ливерпул не ја стартуваше добро сезоната и во Премиерлигата.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига