Утрински Весник
Спорт

Иранските власти му го вратиле пасошот на легендарниот Али Даеи

Иранските власти му го вратиле пасошот на легендарниот Али Даеи

Иранските власти му го вратиле пасошот на Али Даеи, најголемата фубалска легенда во Иран, потврди тој во интервју за „АФП“, откако привремено му беше одземен поради тоа што ги поддржуваше протестите по смртта на Махса Амини.

dobivaj vesti na viber

Во Иран има постојани демонстрации по смртта на 22-годишната Амини на 16 септември, три дена откако беше уапсена во Техеран поради прекршување на законите за покривање на својата коса. Во протестите се убиени десетина луѓе, а стотина завршија зад решетки.

„Кога се вратив од странство, полицијата во Техеран ми го конфискуваше пасошот на аеродромот пред моето семејство и другите луѓе. Ми порачаа дека треба да одам кај јавниот револуционен обвинител во престолнината за да се разгледа мојот случај. Тоа не беше важно за мене, бидејќи не одам никаде. По два-три дена ми го вратија пасошот“, изјави Даеи, кој претходно на 27 септември преку социјалните мрежи порача дека „власта треба да ги решава проблемите на Иранците наместо да користи репресија, насилство и апсења“.

Даеи, кој има прекар „Шахријар“ (крал на фарси јазикот), беше рекордер по бројот на репрезентивни голови (109) до септември 2021, кога Кристијано Роналдо го урн неговиот рекорд. 52-годишниот Даеи беше еден од првите ирански фудбалери кој играше во европска лига, со настапите за Арминија Билефелд, Баерн Минхен и Херта Берлин.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари