Утрински Весник
Свет

Иранските медиуми јавуваат за „ограничена“ штета на воените бази од нападите на Израел

Iran 1.webp.webp

Иранските медиуми јавија првична „ограничена“ штета на воените бази, по израелските одмазднички воздушни напади утрово, пренесе ДПА.

Во главниот град Техеран и во провинциите Кузестан, Илам и на други места е активирана противвоздушна одбрана, јави новинската агенција Тасним, која се смета за блиска до Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран. Подетални информации засега нема.

Израелскиот напад се очекуваше со денови, по нападот на Иран врз Израел на 1 октомври во кој беа истрелани околу 200 балистички ракети кон еврејската држава.

Претходно агенцијата Тасним јави, цитирајќи неименуван владин извор, дека „нема сомнеж дека Израел ќе добие соодветен одговор на каква било акција“.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков