
Иранскиот претседател Масуд Песекијан се закани дека Техеран ќе возврати со „решителен и разорен одговор“ доколку САД и Израел ги нападнат клучните инфраструктурни и економски центри на Иран.
„Постојано нагласувавме дека Иран не спроведува превентивни напади, но во случај на напад врз инфраструктурата и економските центри, ќе одговориме решително и разорно против непријателот агресор“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа X.
„До земјите во регионот, им велам: ако барате развој и безбедност, не дозволувајте нашите заеднички непријатели да оркестрираат војна од вашите територии.“


