Утрински Весник
Свет

Иранскиот Ајатолах: Трамп ќе биде соборен како и другите арогантни деспоти

Ali hamnei.jpg

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, во својот говор изјави дека иранската нација нема да толерира платеници во служба на странски интереси и дека оние што ги смета за платеници ќе бидат политички и социјално отфрлени.

Продолжувајќи го својот говор, тој конкретно се осврна на Доналд Трамп, велејќи дека треба да ја има предвид судбината на историските владетели и моќните луѓе кои биле „арогантни деспоти“.

Тој ги спомена фараонот Нимрод, Реза Шах Пахлави и Мохамед Реза Пахлави, тврдејќи дека сите биле соборени во истиот момент кога биле на врвот на својата самодоверба и моќ.

Тој заклучи дека на овој начин ќе биде соборен и Трамп.

Хамнеи рече дека американскиот претседател, наместо да се меша во внатрешните работи на Иран, треба да се занимава со проблемите во сопствената земја.

Можете да прочитате

Санчез до Трамп: Престанете да играте руски рулет

Франција прати борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Емиратите

Објавени имињата и фотографии од американските војници убиени во иранските напади