Утрински Весник
Свет

Ирански пратеници бараат земјата да поседува нуклеарно оружје

20250922172851 big 730x400 69.webp.webp

Седумдесет и еден од вкупно 290 ирански пратеници бараат Иран да поседува нуклеарно оружје поради воените тензии со Израел.

Тие испратија писмо до Врховниот совет за национална безбедност во кое бараат преразгледување на одбранбената доктрина поради сменетата ситуација во регионот.


Пратениците истакнуваат дека светот се променил, наведувајќи дека Израел е „на работ на лудило“ и напаѓа „без оглед на меѓународните обврски“. Според нив, поседувањето нуклеарно оружје за одвраќање нема да го прекрши декретот на ајатолахот Али Хамнеи, кој е највисок политички и религиозен авторитет во Иран.

Иран со години нагласува дека не се стреми да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран често се повикува на фатвата на ајатолахот Хамнеи, со која се забранува развој и употреба на оружје за масовно уништување.

Тензиите се зголемија во јуни кога Израел почна 12-дневна војна против Исламската Република, на која се придружија и САД, напаѓајќи ги клучните ирански нуклеарни постројки.

Конфронтацијата, исто така, ги интензивираше дипломатските спорови меѓу Техеран и западните земји, кои го обвинуваат Иран дека се обидува да се здобие со нуклеарно оружје.

Можете да прочитате

Руската Централна банка бара 200 милијарди евра отштета од „Еуроклир“

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во  Сиднеј

Зеленски е подготвен да се откаже од членството на Украина во НАТО во замена за безбедносни гаранции од САД и ЕУ