Утрински Весник
Свет

Иранската војска набави околу 1.000 дронови

20250113081239 Big 730x400 12.webp.webp

Околу илјада нови дронови денеска и беа испорачани на иранската армија, јави агенцијата Тасним.

Дроновите биле испорачани на неколку различни локации во Иран, а наводно се летала со способност да бидат речиси невидливи за време на напади.


-Карактеристиките на овие дронови, кои вклучуваат домет од 2.000 километри, деструктивна моќ, способност за минување низ одбранбени слоеви и автопилот, не само што ги зголемуваат нашите способности за граничен надзор, туку и воената способност на флотата на дронови да напаѓаат далечни цели, соопшти иранската агенција.

На почетокот на овој месец, Иран почна двомесечни воени вежби во кои учествуваат членови на елитниот корпус на иранската револуционерна гарда, кој ја чува клучната нуклеарна инфраструктура во градот Натанц. 

Можете да прочитате

Полска ракета веројатно погодила куќа во источна Полска за време на упадот на руски дронови

Велика Британија ќе признае палестинска држава овој викенд

Трамп го прогласи антифашистичкото движење „Антифа“ за терористичка организација