Утрински Весник
Спорт

Иранската државна телевизија ги прогласи фудбалерките за предавници

20260306112839 big 730x400 34.webp.webp

Иранската државна телевизија ја нарече денеска националната женската фудбалска репрезентација „воени предавници“ откако фудбалерките не ја испеаја химната пред натпреварот од Азискиот куп против Јужна Кореја во Австралија претходно оваа недела.

Иран настапува на континенталниот турнир во време кога воениот конфликт ескалира во земјата, откако САД и Израел почнаа воздушни напади за време на викендот во кои беше убиен врховниот лидер на Исламската Република, Али Хамнеи.


Фудбалерките на Иран стоеја молчешкум кога беше интонирана иранската национална химна против Јужна Кореја во понеделникот, иако ја пееја химната пред поразот од 4-0 од домаќинот Австралија три денови подоцна.

Водителот на иранската државна телевизија, Мохамед Реза Шахбази, во видео објавено на социјалните мрежи рече дека фудбалерките покажале недостаток на патриотизам и оти нивните постапки довеле до „најголема срамота“.

„Дозволете ми да кажам само едно: предавниците за време на војна мора да бидат построго третирани“, рече Шахбази. „Секој што ќе преземе чекор против земја во воена состојба мора да биде построго третиран. Како во овој случај кога нашата женска фудбалска репрезентација не ја пее националната химна … со овие луѓе мора да се постапи построго.

Иранките ќе се соочат со Филипините во нивниот последен натпревар од групата в недела.

Можете да прочитате

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации