Утрински Весник
Свет

Иранската Црвена полумесечина со биланс за штетите од израелските напади: Погодени стотици болници и училишта

20260406105441 big 730x400 2.webp.webp

Повеќе од 125.000 цивилни објекти се оштетени или уништени за време на американско-израелските напади врз Иран, соопшти денеска шефот на иранската Црвена полумесечина Пирхусеин Коливанд.

Тој во изјава за иранската државна телевизија прецизираше дека во текот на петнеделниот конфликт биле погодени околу 100.000 домови и најмалку 23.500 продавници.


Според неговите податоци, воздушните напади не ги поштедиле ниту клучните инфраструктурни капацитети. Оштетени се околу 339 медицински установи, вклучувајќи болници, аптеки, центри за итна помош и лаборатории. Дополнително, Коливанд тврди дека целно биле нападнати 32 универзитети и 857 згради на училишта и други образовни институции.

Во моментов на сила е двонеделно примирје, иако постојат сериозни поплаки дека истото може да биде прекршено поради континуираните израелски напади во Либан, пренесува ДПА.

Можете да прочитате

Трамп најави нови напади врз Иран доколку преговорите во Пакистан пропаднат

Погодени две руски нафтени платформи во Каспиското Море, тврди Киев

Пекинг и Пјонгјанг потврдија зајакнување на соработката меѓу Кина и Северна Кореја