Утрински Весник
Свет

Иран тврди дека го погодил аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, Израел демантира

20260305131933 big 730x400 15.webp.webp

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда тврди дека утрово лансирал балистички ракети со експлозивни боеви глави од еден тон на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Во соопштението кое го пренесоа иранските медиуми, ИРЦГ наведува дека во зори лансирала ракети „Хорамшахр-4“ врз „срцето на Тел Авив, аеродромот Бен Гурион и базата на 27-та ескадрила на израелското воено воздухопловство на овој аеродром“.


„Оваа ракета земја-земја успешно ја проби одбраната на израелската војска и го погоди воениот дел на меѓународниот аеродром Бен Гурион. Првичните извештаи укажуваат дека нападот предизвикал голема штета на лице место“, пренесе агенцијата Мехр.

Израел денеска соопшти дека во израелското воено воздухопловство не постои 27-ма ескадрила, а дека иранското тврдење веројатно се однесува на воздухопловната база 27, или воздухопловната база Лод, која некогаш била дел од аеродромот Бен Гурион пред да биде засекогаш затворена во 2010 година.

Сите ирански балистички ракети лансирани во текот на ноќта кон Израел биле пресретнати од противвоздушната одбрана, според податоците на израелската војска, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Можете да прочитате

Белата куќа бара итно решение за зголемувањето на цените на горивата во САД

Во Амстердам затворен голем пазар за украдени податоци

ИДФ издаде предупредување без преседан за евакуација на целото упориште на Хезболах во Бејрут