Утрински Весник
Свет

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки

20260327182154 big 730x400 6.webp.webp

Две постројки поврзани со нуклеарната програма се нападнати во Иран, но немало испуштање на радиоактивен материјал, соопштија иранските државни медиуми.

Исламската новинска агенција ИРНА во соопштение на Телеграм наведува дека комплексот за тешка вода Хондаб во северозападниот дел на Иран бил нападнат од американско-израелските сили. ИРНА цитира официјален претставник од провинцијата Маркази кој вели дека нема жртви, пренесе Би-би-си.


Втор напад погодил постројка за производство на „жолт колач“ (yellowcake) во Ардакан, Јазд, при што властите известиле дека нема испуштање на радиоактивен материјал надвор од локацијата, според новинската агенција Fars News, поврзана со Револуционерната гарда (ИРЦГ).

Можете да прочитате

Барон Трамп сведочеше на суд за напад врз жена, напаѓачот доби четири години затвор

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ

Иран соопшти за убиени дипломати во израелски напад во Либан