Утрински Весник
Свет

Иран протера германски дипломати

Иран протера германски дипломати

Иран протера двајца германски дипломати на должност во Техеран како одговор на протерувањето на двајца ирански дипломати од Германија на 22 февруари.

dobivaj vesti na viber

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека дипломатите биле протерани како непожелни елементи по „мешањето на германската влада во внатрешните и судските работи на Иран“.

На 22 февруари Берлин објави дека протерува двајца ирански дипломати, оценувајќи ја смртната казна изречена на дисидентот Џамшид Шармахд (67) како „апсолутно неприфатлива“.

Шармахд беше обвинет за учество во напад во април 2008 година на џамија во Шираз, јужен Иран, во кој беа убиени 14 лица.

Иранскиот суд, исто така, смета дека имал контакти со агенти на ФБИ и ЦИА и се обидел да воспостави контакт со израелски агенти на Мосад.

Поддржувачите на Шармахд во Германија ги отфрлија обвинувањата, повикувајќи го Берлин веднаш да дејствува за да му го спаси животот.

„Исламската Република Иран ќе дејствува одлучно против секое прекумерно барање поврзано со таа пресуда“, возврати денеска во соопштение портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.

Најмалку 16 лица со западни пасоши, меѓу кои шест Французи, се во затвори во Иран. Повеќето од нив се двојни државјани, но Иран не признава статус на двојно државјанство за своите граѓани.

Објавувањето на смртната казна на Џамшид Шармахд дојде еден ден откако ЕУ воведе нови санкции против Техеран, во знак на протест против репресијата на земјата врз демонстрантите организирани по смртта на младиот Иранец Махса Амини на 16 септември додека беше во притвор.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња