Утрински Весник
Свет

Иран предупредува: Нема пловидба низ Ормускиот Теснец без повлекување на САД од Персискиот Залив

Iran zname.webp.webp

Иран нема да дозволи слободна пловидба низ Ормускиот Теснец и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохсен Резаи. Според него, безбедноста во регионот не може да се обезбеди сè додека САД имаат воено присуство во Персискиот Залив. „Без повлекување на Америка од Персискиот Залив и воспоставување контрола врз Ормускиот Теснец од страна на регионалните држави и Оман, не може да се постигне безбедност“, изјави Резаи, пренесе Скај њуз.

Тој додаде дека Техеран би размислил за завршување на конфликтот само доколку добие компензација од САД и целосни гаранции за иднината, што според него е невозможно без американско повлекување од регионот. Иран најголемиот дел од извозот на нафта околу 90 проценти го реализира преку постројките на островот Харг, кој се наоѓа во североисточниот дел на Персискиот Залив. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да ја преиспита одлуката да ја поштеди нафтената инфраструктура на островот Харг од можен напад, доколку Иран продолжи да го попречува движењето на бродовите низ овој важен нафтен коридор.


Можете да прочитате

Трамп: Многу земји ќе испратат воени бродови за да го обезбедат Ормутскиот теснец

Иран: Украина се приклучи на војната, сега е легитимна цел

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји