Утрински Весник
Свет

Иран предупреди дека ќе нападне американски воен брод во Ормуската Теснина

Iran zname.webp.webp

Иран ја предупреди Америка дека ќе нападне американски воени бродови доколу пловат низ Ормунска Теснина.

Силите на Исламската Република внимателно го следеле американскиот разурнувач, објави агенцијата Тасним, додавајќи дека бродот ќе биде нападнат ако ја продолжи својата рута.


Иранската делегација, која попладнето започна преговори со САД во Исламабад, поднела жалба до посредникот Пакистан и побарала американскиот брод да ја напушти теснината.

Претходно, новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на американски владин претставник, објави дека „повеќе“ американски воени бродови минале низ Ормуска Теснина без координација со Иран.

Податоците од сервисот за следење бродови VesselFinder покажуваат дека во Персискиот Залив се наоѓа американски владин брод од непознат тип, што е вообичаено за воени пловила.

Ормуска Теснина го поврзува Заливот со Индискиот Океан и претставува клучна рута што ги поврзува најголемите производители на нафта со светските пазари.

Според Меѓународната агенција за енергија, речиси 30 проценти од светската нафта транспортирана по морски пат минувала низ теснината во 2023 година.

Иран ја презеде контролата врз водниот пат од почетокот на војната со САД и Израел, а неговото повторно отворање е едно од клучните спорни прашања во разговорите во Пакистан.

Можете да прочитате

Израел: Фрливме 18.000 бомби врз Иран за пет недели

Исчезна американски генерал со нуклеарни тајни

Кинеските супертанкери поминаа низ Ормускиот теснец