Утрински Весник
Свет

Иран планира јавно судење за речиси 1.000 луѓе за поттикнување немири

Иран планира јавно судење за речиси 1.000 луѓе за поттикнување немири

Иран ќе одржи јавни судења за речиси 1.000 луѓе обвинети во Техеран за поттикнување немири, објави денеска новинската агенција „Тасним“, додека властите ги засилуваат напорите да ги задушат повеќе од шестнеделните протести предизвикани од смртта на Махса Амини.

dobivaj vesti na viber

Во еден од најголемите предизвици за свештеничките водачи во земјата од Исламската револуција во 1979 година протестите продолжија по сè построги предупредувања – Револуционерната гарда во саботата строго им порача на демонстрантите да не излегуваат на улица.

Иранските лидери ги опишаа протестите како заговор на непријателите на Исламската Република, вклучувајќи ги САД и Израел. Во протестите учествуваа демонстранти од сите општествени слоеви, а ученички и жени изведоа значајна улога мавтајќи и палејќи ги шаловите.

„Тасним“, повикувајќи се на шефот на правдата на провинцијата Техеран, објави дека судењата на речиси 1.000 луѓе „кои извршиле саботажа во последните настани, вклучително и напади врз членови на безбедносните сили и палење јавен имот“ ќе бидат одржана пред Револуционерниот суд.

Судењата ќе се одржат јавно оваа недела, пренесува агенцијата.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа