Утрински Весник
Свет

Иран: На САД веќе не може да им се верува

20250626210525 big 730x400 28.webp.webp

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи ги обвини САД дека ги поткопуваат дипломатските напори и изјави дека на Вашингтон повеќе не може да му се верува.

Багаи го истакна правото на Иран да користи нуклеарна енергија за мирни цели, во согласност со Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Во интервју за „Ал Џазира“, тој ги коментираше последиците од израелските воени акции против Иран, поддржани од САД, наведувајќи дека овие напади не само што го нарушуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Иран, туку претставуваат и сериозно кршење на меѓународното право, принципите на Договорот за неширење и етичките норми на меѓународната заедница.


Тој повика меѓународната заедница да ги осуди „незаконските дејства“ на САД.

На 22 јуни, САД извршија голем напад врз иранската нуклеарна инфраструктура, погодувајќи ја постројката во Фордо, додека со крстосувачки ракети од подморници беа нападнати објекти во Натанц и Исфахан, како дел од кампањата против иранската нуклеарна програма.

Багаи нагласи дека, и покрај воениот притисок, Иран продолжува да се залага за дипломатски дијалог со различни земји за заштита на своето население и гарантирање на националната безбедност.

Во врска со неодамна усвоениот закон од иранскиот парламент, со кој се прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Багаи појасни дека станува збор за целосно „прекинување“, а не само за „привремено запирање“.
„Зарем не е логично една нација, изложена на толку сериозен акт на агресија, да ги преиспита односите со МААЕ?“, додаде тој. Со новиот закон, Иран фактички ја прекинува соработката со нуклеарните инспектори на ОН, изразувајќи решителност да не се откаже од својата мирнодопска нуклеарна програма, и покрај нападите од Израел и САД.

Можете да прочитате

Лидерите на ЕУ одново не постигнаа консензус за Предлог-заклучоците за Украина

За 24 часа во Газа загинаа 79 Палестинци

Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул