Утрински Весник
Свет

Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

1729410091 Hezbolah.webp.webp

Иран синоќа потврди дека либанското движење Хезболах, финансиски и воено поддржано од Техеран, го изврши нападот со дрон врз приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Таа акција ја изведе либански Хезболах, се наведува во краткото соопштение на Мисијата на Иран во Обединети нации, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Претходно, Нетанјаху ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во Цезареја.

– Иранските сојузници се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат. Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе му наштети на граѓаните на државата Израел за тоа ќе плати висока цена, посочи Нетанјаху.

Во инцидентот никој не е повреден.

Можете да прочитате

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус