Утрински Весник
Свет

Иран демантира дека лансирал ракета кон Турција

Iran zname.webp.webp

Иран негира дека лансирал проектил кон Турција. Демантот од Техеран уследи откако Анкара вчера објави дека противвоздушната одбрана на НАТО соборила проектил од иранско производство додека се движел низ турскиот простор.

– Вооружените сили на Исламската Република Иран го почитуваат суверенитетот на соседната и пријателска земја Турција и негираат какво било лансирање на ракета кон нејзина територија, се наведува во соопштението на Генералштабот на иранските вооружени сили.


Турското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата прелетала над Ирак и Сирија пред да биде соборена од системите за воздушна одбрана на НАТО стационирани во источниот Медитеран.

Ги предупредуваме сите страни да се воздржат од дејствија што би довеле до понатамошна ескалација на конфликтот во регионот. Во овој контекст, ќе продолжиме да се консултираме со НАТО и нашите други сојузници, се истакнува во соопштението на турското Министерство за одбрана

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека Анкара ги презема сите потребни мерки на претпазливост во координација со своите сојузници во НАТО и оти се издадени најјасни предупредувања за да се спречат слични инциденти.

Американските сили се стационирани во базата Инџирлик, јужна Турција каде паднаа остатоците од пресретнатиот проектил.

Можете да прочитате

Арагчи: САД горко ќе зажалат поради потопувањето на ирански брод

Ким Џонг – Ун пловеше на новиот севернокорејски разурнувач

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан