Утрински Весник
Свет

Иран ја потврди изјавата на Трамп: Овој викенд почнуваат преговорите за нуклеарната програма

Teheran Iran.jpg

Иран ја потврди изјавата на Доналд Трамп дека ќе разговара со САД овој викенд по неколкумесечните зголемени тензии околу нуклеарната програма на земјата, пишува „Блумберг“.

„Иран и САД во сабота ќе се сретнат во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на социјалната мрежа „Икс“. „Тоа е колку можност, толку и тест. Топката е на американскиот терен“.


Според државниот медиум Nour News, преговорите ќе ги водат Арагчи и Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток и еден од најблиските советници на претседателот, а за време на разговорите ќе посредува оманскиот министер за надворешни работи, Бадр Албусаиди.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами