Утрински Весник
Спорт

Инзаги: Сега ќе не паметат долго време во Шпанија

Инзаги: Сега ќе не паметат долго време во Шпанија

Интер успеа да одолее на „Камп Ноу“, освои капитален бод, а Барселона се спаси од пораз во судиското продолжение. Италијанскиот тим сега е во пол-позиција за пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите од „групата на смртта“.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Симоне Инзаги ликуваше по ова реми, истакнувајќи дека неговиот тим апсолутно го заслужил тоа со изданието против Барселона.

„Знаевме дека имаме храброст и веќе во првото полувреме создадовме многу шанси. На полувремето им реков на момците да веруваат во себе“, изјави Инзаги, кој поцрвене на крајот од мечот. „Им честитам на играчите за одличниот натпревар. Да победевме ќе обезбедевме пласман две кола порано, но сега го имаме Плзен. Проблемот на Барселона е што налета на Интер. Сега ќе не паметат долго време во Шпанија“, истакна тренерот на Интер.

Тој беше бесен и на шпанските новинари.

„Во Шпанија ме нарекоа тренер на „катеначо“. Настапот на мојот тим говори сам за себе, не треба да се одмаздувам. Барселона има едно реми во Ла Лига, а сега ќе останеме запаметени уште долго време“, потенцираше Симоне Инзаги.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина