Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Инзаги: Против Баерн треба да бидеш совршен за да победиш, а ние не бевме

Инзаги: Против Баерн треба да бидеш совршен за да победиш, а ние не бевме
Img 7972

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го коментираше поразот од Баерн со 0:2 на стартот од групата Ц во Лигата на шампионите. Тоа е непријатен пораз кој ги става „нероаѕурите“ во неповолна позиција во „групата на смртта“.

dobivaj vesti na viber

Инзаги ја призна супериорноста на противникот и изјави дека за да се постигне нешто повеќе против Баерн Минхен треба да се биде перфектен во секој поглед, а тоа не беше случај со Интер.

„Во првите 20 минути бевме малку напнати, но наидовме на многу интензивен и извонреден тим, еден од најдобрите во Европа во моментов. Моравме подобро против Кимих, како тим да го запреме првиот гол. После тоа игравме многу подобро, создававме шанси, но имаше и многу технички грешки. Џеко и Кореа имаа можности да постигнат гол и да не вратат во игра, но против Баерн треба да бидеш совршен за да победиш, а ние не бевме“, призна Инзаги.

Интер продолжи со проблемите во одбраната на почетокот на сезоната.

„За првиот гол имаше двајца наши играчи околу Кимих кои требаше подобро да го блокираат. Тој имаше премногу време и простор да го изведе тоа додавање. Натпреварот беше отворен, не требаше да примиме гол во 67. минута“, истакна тренерот на Интер.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026