Утрински Весник
Македонија

Интервју со Артан Лили: Нè чека одлична журка во МКЦ

Img 23c4f63f924fe9ce1b3e25ae6c611234 V 1024x682 1.jpg

„Артан Лили“, белградскиот бенд од Новата српска сцена на 8 март ќе гостува во МКЦ во Скопје во склоп на платформата „Силата ЕУ Младите“. Со бендот кој го доби своето име по еден графит во Куманово, Редакцијата на порталот Трн.мк разговараше за нивната музика, нивната 10 годишна кариера и нивните очекувања за една добра журка во Скопје на која се најавени нови песни и одлична забава.

Трн: Артан Лили ја премина првата деценија од работата како бенд. Дали се менувавте и како се менувавте во овие  десет години?

Артан Лили: Секако дека се менувавме, но останавме секогаш  во наш фазон и во наш стил  и „си газиме“ исто како и е  како да ни е прв ден.  Тоа е убавина на порокот што се нарекува рокенрол.

Трн: Како ја коментирате домашната, локалната сцена во последните 10-тина години. Дали сè уште постои некоја сцена?

Артан Лили: Секако дека постои. Па, имате планини од нови млади бендови, а сите „стари волци” се уште се таму. Пријателе ова е Балкан – сите се активни, од Брена, Рамбо, Влатко, Зелет, Нелет, Лајбах, па преку овие помладите и ние, до демо бендовите. Тоа е еден незапирлив естраден перпетуум мобиле! Таа сцена се гради еднаш и тоа е тоа. Вавилон е „мало маче” за оваа наша сцена.

Трн: Како се создаваат песните на Артан Лили?

Артан Лили: Заебанo.

Трн: Посветувате големо внимание на видео спотовите. Најчесто правите видеа за сите или речиси за сите песни, нели? Дали е тоа многу важно за вас лично или е само стратегија за промоција?

Артан Лили: Порано се снимаа спотови и се правеа концерти за реклама, со цел да се продаваат плочи и касети. Денес е спротивното – правите спотови за да ги продадете концертите. Затоа и не објавуваме песни толку често, туку онолку колку што сметаме дека треба. Балансираме. Затоа сме и еден од бендовите во регионот со најмногу концерти годишно.

Трн: На последното ЛП направивте синглови (песни) со Кане „Рокенрол по рокенрол” и Никола Врањковиќ „Отров”.  Какво е вашето искуство од овие две соработки? Песните звучат одлично. Дали ова бече корисно за вас како бенд?

Артан Лили: Искуството е одлично. Тоа се нашите драги пријатели со кои уште повеќе ги зацврстивме врските после сите овие синглови. Ние соработуваме и сме пријатели на приватен план. Тие нешта немаат цена, а публиката тоа го чувствува, препознава и секако реагира на таа наша меѓусебна вибрација. Тоа е најважно.

Трн: Ја опишувате вашата музика како NOISE POP. Тоа звучи одлично, како да имате силна визија за тоа што го правите. Кажете ни нешто повеќе за NOISE POP?

Артан Лили: Новинарот Аца Павлиќ го смисли тој израз во времето кога се појавивме со синглот Џони. Значи NOISE POP е врева, галама но и порака во исто време. Тоа е она што го сакаме и што има смисла да го правиме!

Трн: Поминаа повеќе од 10 години, а се чини дека Артан Лили успева одлично да комуницира со помладата публика. Каков е вашиот однос со младата публика? Дали имате некоја посебна стратегија, план или сето тоа оди по некој природен пат?

Артан Лили: Важно е да не се додворувате и да не се улизувате никому. Се останато е во во ред. Доволно сме мудри да знаеме „што расте во таа градина”. Од „рози до плевел”. И така се однесуваме. Затоа покрај искусната публика имаме и многу млада публика која може да се идентификува со нашата приказна.

Трн:  Постојат ли млади имиња и бендови од Белград и од Србија, кои би ни ги  препорачале?

Артан Лили: Има колку сакате, земете лопата и копајте. Исто како порано.

Трн:  Скопје и Артан Лили, каква е таа врска?

Артан Лили: Tоа е вистинското прашање. Често свиревме со претходниот бенд „Штутгарт онлајн“ во Скопје и стекнавме одредена публика. Во една прилика додека свиревме во Куманово го видовме графитот Артан Лили на ѕидот на железничката станица, по што бендот подоцна го доби своето име.

Потоа следуваше соработка со сите бендови на Васко Атанасовски, забава и турнеи низ Македонија. Храна, друштво, пријатели… Навистина, сето ова се некои искрени емоции и со нетрпение чекаме да дојдеме!

Трн: Што да очекуваме на концертот на 8 март во Скопје?

Артан Лили: Имаме големо задоволство да го најавиме нашиот концерт на 8 март во МКЦ. Не сме свиреле во Скопје од пред короната и доаѓаме да ја направиме најдобрата забава, по што сме и познати. Исто така, за прв пат од Ниш со нас доаѓа и нашиот стар пријател и соработник на бендот VJ извонредниот Боб, задолжен за светлосните ефекти и сценографија, како и визуелни ефекти. На концертот ќе имаме и одлични гости – младата група „Занаду“. Покрај стандардниот репертоар, на задоволство на нашата верна публика, за прв пат во Скопје ќе изведеме и нови песни. Нè чека добра журка – билетите се сè уште достапни, затоа побрзајте да ги земете и се гледаме во петок, 8 март!

Можете да прочитате

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното

Утринава -10: Каде беше најстудено а каде најтопло?